Живот
3. July 2018 - 15:24

Глетка која ќе ви го скрши срцето: Погледнете како 3 годишниот Лукас го прослави голот на Нејмар

Фудбалерите на Бразил изборија пласман во четвртфиналето од Светското првенство во Русија, откако ја совладаа селекцијата на Мексико.

Големиот триумф се славеше ширум Бразил. Голем број љубители на фудбалот се собраа на улиците на Рио де Жанеиро, Сао Пауло, Бразилија… Се славеше во трговските центри, во локалите, но и во болниците…

Најемотивната фотографија доаѓа од Сао Пауло, од болницата каде се лечат деца заболени од рак. Малиот Лукас кој има само 3 години, во дресот на репрезентацијата го следеше натпреварот од болничкиот кревет. Со својата мајка Клаудија, тие заедно навиваа за своите идоли…