Главните ликови од „Игра на престолите“ подготвени за зимата
Телевизиската мрежа ХБО петстави ново промотивно видео, кое открива некои интересни детали на седмата сезона на популарната серија „Игра на тронови“, чие емитување почнува на 16 јули.
Во видеото можат да се видат новите костими на главните ликови на серијата со која на сите ми порачуваат дека се подготвени за зимата.
Така Цон Сноу, кралот на Северот, продолжува да го носи своето големо крзно. Мајката на змаевите нејзините светли и разиграни фустани ги заменува со кожни фустани со синџири и наметка со боја на костен.
Кралицата Серсеј Ламистер ја носи нејзината сребрена круна со украсни метални прерамки, што ги носеше во шестата сезона од серијата.
Санса Старк го копира братот Џон Сноу со крзнена наметка и кожни ленти. Нивната помлада сестра исто така, е во кожено и крзнено руво со нејзиниот познат меч-игла, што ни кажува дека напредувала во нејзиниот пат кон северот. Џејми Ланистер го задржа неговиот кожен костум, кој се вклопува со неговата лажна, златна рака.
Иако трејлерот за новата сезона на серијата не дава никакви информации за претстојните епизоди, познато е дека во седмата сезона за престолот ќе се борат Серсеј, Динерис и Џон.
Ново на Сител
-
Курти: Неизрекувањето санкции ја охрабрува агресивноста на Србија
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца