Свет
11. October 2020 - 8:36

Главниот град на Нагорно Карабах ноќеска гранатиран, првпат од почетокот на прекинот на огнот

Главниот град на Нагорно Карабах,Степанкерт, ноќеска бил гранатиран повеќе пати, првпат од стапувањето во сила на договорот за прекин на огнот, што почна вчера наутро во 10 часот по средноевропско време.

Тасс јави дека во градот се слушнале повеќе од 10 експлозии и сирени за воздушен напад.

Договорот за прекин на огнот беше постигнат вчера наутро во Москва од министрите за надворешни работи на Азербејџан и Ерменија, во присуство на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.