Македонија
14. May 2021 - 9:59

Главниот ЕУ преговарач на Албанија Зеф Мази во Скопје

Главниот ЕУ преговарач на Република Албанија, Зеф Мази за време на денешниот престој во Скопје ќе има средби со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

Како што соопшти МНР, на средбата Османи и Зеф ќе разменат мислења за ЕУ пристапните процеси, прогнозите за усвојување на преговарачките рамки и организација на првите меѓувладини конференции со ЕУ.  

По средбата, Османи и Зеф ќе одржат прес – конференција.