Свет
7. March 2018 - 8:19

Главниот економски советник на Трамп поднесе оставка

Главниот економски советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Гари Кон, кој беше цврсто против воведување царини за увоз на челик и алуминуим, поднесе оставка.

„За мене беше чест да и служам на државата и да воведам добри политики за Американците за поддршка на растот, особено прифаќањето на историската даночна реформа. Му благодарам на Претседателот што ми ја даде таа можност и му посакувам нему и на неговата администрација големи успеси во иднина“, се вели во кусата изјава на директорот на националниот економски совет.

Кон е поранешен член на раководството на банката Голдман Сакс. Тој беше најголемиот противник за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик во САД и на 10 отсто за увоз на алуминиум.