Македонија
10. September 2016 - 17:07

Главни причинители на сообраќајки: Возење пијан, заради брзо возење или користење мобилен во автомобил

Иван Билински кој загина на пешачки премин кај католичка,  младиот велосипедист Давид, новинарката што беше прегазена наспроти „Зебра“,додека стоела на троаар, 20-годишната Фросина која исто така загина на пешачки премин на „Партизанска“, 2-годишното девојче кај Рашче, , момчињата што излетаа од надвозникот и паднаа врз автопатот Белград-Скопје, брачниот пар што загина кај Демир Капија се само дел од црната листа која предизвика остри реакции во јавноста.

Црните статистики се  во пораст, бројките рапидно растат. Доволно е само да се фрли поглед врз полициските билтени и може да се забележи дека не поминува ден а да не случат по десетина  сообраќајни несреќи кои за жал дел од нив завршуваат со трагични последици.

Најмногу крв на патиштата има заради брзо возење, возење пијан,  некористење на безбедносните појаси. Во ова категорија може да влезе и користењето на мобилните телефони.

Иако законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предвидува огромни казни за несовесните возачи, луѓето си продолжуваат да возат по свое:

И користењето мобилен во автомобил е причина за за сообраќајни несреќи. Според истражувањата во светот дури 43% од возачите пишувале пораки додека возеле, а 36% од возачите се јавувале на телефон или разменувале инстант пораки. Исто така, еден од четири млади возачи правеле селфи додека биле на воланот.

Кај нас во Македонија не се води статистика за тоа колку луѓе направиле сообраќајка додека во рака држеле мобилен телефон иако тој број не е незамерлив.

Автошколите се најдиректно поврзани со процесот на оформувањето на младите возачи. Од таму постојано со совети како да се однесуваат за време на управувањето со своите возила.

Македонија со 109 загинати лица во периодот Јануари- Јули е на нивото од ланската година и е во рамки на просекот но сепак податоците се загрижувачки и се има тендеција на нивно намалување.

Од МВР постојано со апели на совесно учество во сообраќајот. Моментите на невнимание,  непромисленост, на деконцентрација предизвикаат несогледливи последици. Исто така ако се патува на подалечна дестинација  да се провери техничката исправност на возилото и да се обрне внимание на сите делови на патот.