Loading Video...
Ракомет
16. January 2020 - 15:57

Главната фаза на ЕП продолжува и без Данска: Кокшаров веќе не е селектор на Русија

Откако вчера беше комплетирана првата рунда по групи, денеска Европското ракометно првенство продолжува со првите дуели од главната четвртфинална фаза која остана и без Данска. Шампионат што се одржува во Австрија, Норвешка и во Шведска ќе мине без двата најголеми фаворити пред стартот на првенството. 
 
Откако од претходно беше јасно дека Франција ќе го заврши својот настап уште по првата фаза, истото се случи и со актуелниот Светски и Олимписки шампион Данска. 
 
Данците кои најавуваа обединување на трите големи трофеи, останаа без учество во четвртфиналната рунда, иако во последното коло ја победија селекцијата на Русија со 31-28. Сепак. Поразот во првото коло од Исланд, па нерешениот резултат со Унгарија, како и големата победа со пресврт на Унгарците во дуелот со Исланд, на крајот данските ракометари ги рангираше на третата позиција во Е групата. 
 
Поразот пак на Русите, трет на исто толку одиграни натпревари, значеше и крај за екс-тренерот на Вардар, Едуард Кокшаров на местото селектор на руската репрезентација. Кокшаров реши да си поднесе оставка која руската федерација веднаш ја прифати. 
 
12-те селекции, кои ја продолжуваат битката на ЕП, а меѓу кои останува и бранителот на европскиот трон Германија, сега се поделени во две новоформирани групи, во кои ќе бидат одиграни четири кола. Двете најдобро пласирани селекции од групите ќе се пласираат во полуфиналето. 
 
Денеска на програмата се дуелите од Првата четвртфинална група. 
 
ГРУПА 1  (Виена, Австрија)
денеска 
16.00  ШПАНИЈА – ЧЕШКА
18.15  ХРВАТСКА – АВСТРИЈА
20.30  БЕЛОРУСИЈА – ГЕРМАНИЈА
 
ТАБЕЛА
1.  ХРВАТСКА   2
2.  ШПАНИЈА   2
3.  АВСТРИЈА   2
4.  ЧЕШКА   0
5.  ГЕРМАНИЈА   0
6.  БЕЛОРУСИЈА 0
 

ГРУПА 2  (Малме, Шведска)

утре

  16:00  СЛОВЕНИЈА  - ИСЛАНД
  18:15  НОРВЕШКА  - УНГАРИЈА
  20:30  ПОРТУГАЛИЈА  - ШВЕДСКА

ТАБЕЛА
1.  НОРВЕШКА     2
2.  УНГАРИЈА     2
3.  СЛОВЕНИЈА     2
4.  ШВЕДСКА     0
5.  ПОРТУГАЛИЈА 0
6.  ИСЛАНД      0