Џет-Сет
10. November 2017 - 13:18

Главна вест во Турција: Емина и Мустафа се разведуваат, пејачот прозборе за тоа

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се во брак од 2008 година, меѓутоа тие се запознале неколку години пред да го изговорат судбоносното „да“. Имаат два сина - Јамен и Јавуз. токму поради својот славен сопруг, поп пејачот и Емина станала ѕвезда во Турција. 
 
Медиумите се тркаат кој прв да пренесе вест за ова семејство, а најновата за нив дека овој славен пар се разведува. 
 
Парот наводно има проблеми во бракот и долго време не се појавуваат заедно.
 
Како што пренесуваат медиумите, наводно честите расправии  довеле до тоа да почнат да размислуваат за развод. 
 
Меѓутоа, Емина и Мустафа пред неколку дена се појавиле на отварање на еден шопинг центар, а Мустафа тогаш рекол
 
- Имаме 14 години сојзу, така да има секакви вести. Кога би рекол дека немаме расправии во бракот би лажел. Меѓутоа, сега е се во ред, рекол Мустафа додека Емина ја покажала својата љубоморна страна.
 
- Не постои таква работа. Јас сум зелна да анализирам кога и каде и да се појави, додала таа