Македонија
18. November 2018 - 17:17

„Гласното“ зборување ќе обезбеди заштита и превенција од трговија со луѓе

Килим изработен од црвена женска облека, а одењето по него го симболизира угнетувањето и експлоатацијата на жената. Изложбата „Постапувај внимателно“ која беше поставена во Битола имаше за цел да ја актуелизира темата за трговија со луѓе особено кај младите, да се запознаат со неа и како да се заштитат. Во текот на оваа година биле идентификувани седум жртви на трговија со луѓе.

- Од кој најголем број се малолетни лица, односно деца, а најмалата идентификувана жртва е 12 годишна возраст, старосната граница се движи од 12 до 16 години. Навистина ова прашање заслужува големо внимание бидејќи децата се оние кои се под највисок ризик да станат жртви на трговија со луѓе, а се разбира возрасните се тие кои треба да створат услови за да се заштитат децата од овие несакани појави.

Кој вид трговија со луѓе е најчест во Македонија?

-Најчесто во Македонија жртвите кои биле идентификувани биле жртви на сексуална експлоатација во комбинација со трудова, но сме имале и случаеви на питачење, присилни бракови, но не значи ако не сме имале лице идентификувано од одреден вид експлоатација, може треба поактивно да се делува во одредени области, вели таа.

Велат се додека се зборува гласно, ќе се обезбеди поголема заштита, но и превенција од трговијата со луѓе.