Гласини: Брачната идила на Џенифер Анистон се ближи до крајот
Само што се омажи по долгогодишната веридба, Џенифер Анистон сега ја следат гласини дека нејзиниот брак се распаѓа. Американските таблоиди проширија приказна дека таа и нејзиниот сопруг Џастин Теро веќе се во брачна криза.
Радар Онлајн пишува дека холивудската двојка не живее заедно и дека се откажале од проширување на семејството иако се зборуваше дека планират да посвојат дете. Џен и Џастин биле на половина пат до посвојување на близнаци, се надевале дека дома ќе донесат момче и девојче, но за сега се е ставено на чекање, откри извор близок на двојката.
Како прчина се наведува животниот стил на Џастин кој „навикнал да биде сам“. Сепак, иако ги следат гласини, Џастин на Инстаграм раскажува друга приказна. Со неговат сопруга неодамна отпатуваа во градот на љубовта и објави неколку фотографии на неговиот профил. Во Париз тој работеше на филмот „Зооландер 2“, па славната двојка го споиле убавото со корисното.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност