Македонија
19. January 2021 - 16:50

Гласањето за пописот не е закажано - Алијанса ќе гласа иако има забелешки

Забелешките се бројни, но попис мора да има. Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе го поддржат Законот за попис, иако не се задоволни од неговата содржина. Меѓудругото, сметаат дека соопштувањето на резултатите не треба да го врши само Заводот за статистика. Решението за врзан потпис на директорот и заменикот не гарантира регуларност.

Дополнителен проблем според Села е што многу граѓани нема да можат да се попишат затоа што немаат државјанство. За таа цел Алијанса и Алтерантива промовираат платформа на која лицата без државјанство ќе можат да се пријават. Велат дека има лица кои од 1991 живеат тука, а немаат регулиран статус и има такви кои не се евидентирани во матичните служби. Не се знае колку граѓани се вакви, ниту пак кои се причините за одбивање да се стекнат со статус на државјани.

Гласањето на законот за попис треба да се случи најрано утре, дебатата е завршена а во петокот гласање немаше заради недоволен број пратеници во салата. За да помине законот потребен е 61 глас.