Македонија
29. October 2017 - 10:01

Гласањето во општините Могила и Новаци се одвива непречено

Општинските изборни комисии од Могила и Новаци соопштија дека гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од локалните избори се одвива непречено.

Во општина Могила се гласа на 23 избирачки места, а според единствениот избирачки список евидентирани се 5.520 гласачи.

Од 7 до 19 часот ќе се гласа и во општина Новаци, каде има 24 избирачки места, а право на глас имаат 3.076 полнолетни лица.