Македонија
14. July 2020 - 12:31

Гласањето на болни и изнемоштени во Делчевско се одвива во најдобар ред

 Гласањето на болните и изнемоштени лица во Делчевско започна навреме и се одвива во најдобар ред. Митко Стоименовски е жител на Делчево кој денеска гласаше во домашни услови. Тој рече дека гласањето било безбедно и им посака среќа на победниците на изборите.

-Гласањето помина во безбедни услови, го остварив своето право, немаше никакви проблеми, нека им е со среќа на тие што ќе победат, рече Стоименовски.Освен Стоименовски денеска своето право на глас на територијата на Општина Делчево можат да го остварат вкупно 335 болни и изнемоштени лица.

-Имавме пријавено за гласање вкупно 341 лице, од кои шест барања беа одбиени. Вчера немавме гласање за евидентирани гласачи со Ковид-19. Гласање на болните тече во најдобар ред, а очекуваме така да биде и во текот на целиот ден, истакнаа од ОИК Делчево.
Утре на територијата на Општина Делчево своето право на глас на 36 избирачки места ќе можат да го остварат вкупно 14.680 граѓани.