Македонија
14. July 2020 - 12:02

Гласачкото ливче е неважечко доколку се прешкрта зборот „Северна“

Од ДИК остро ги осудија вчерашните објави на активисти од една политичка партија кои на социјалните мрежи повикуваа да биде прешкртан зборот „Северна“ на гласачкото ливче.

- Јасно се знае кое е важечко ливче со заокружен број пред носителот на листата, јасно изразена волја на гласачот, се друго се смета за неважечко гласачко ливче и ништо друго не може да доаѓа во предвид, кажа Оливер Дерковски.