Македонија
15. July 2020 - 15:27

Гласач кој го сликал гласачкото ливче уапсен во Бутел

Мал инцидент се случил денеска на избирачкото место во Бутел, дознава 24 инфо.

Според овој медиум, гласач во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Гласачот е уапсен.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес е затвор до три години.