Свет
23. September 2018 - 9:44

Гладните Полјаци излегоа на улица: Масовни протести на вработените во државната управа, побараа поголеми плати

Во полската престолнина Варшава, вчера се одржа протест на кој демонстрантите побараа зголемување на платите во јавниот сектор.

Според проценките на варшавската полиција, се собрале околу 26.000 луѓе, пренесува Ројтерс.

„Не можеме да живееме од плата до плата... нашите семејства гладуваат“, рече Јан Гуз од синдикатот ОПЖ, кој брои околу 500.000 членови.

Полска од почетокот на минатата година бележи постојан раст на домашниот бруто национален доход од четири до пет  проценти во секој квартал, на годишно ниво.

Меѓутоа, економистите предупредуваат дека земјата може да почне да ги чувствува последиците од лошите стопански очекувања, што веќе беше видено ширум Европа, како и притисок за зголемување на платите и недостиг на работна сила, пренесува Ројтерс.