Кошарка
17. November 2020 - 14:48

Ѓуроски позитивен на Ковид-19, нема да игра против Италија и Естонија

Стојан Ѓуроски нема да биде дел до кошаркарската репрезентација на Македонија на квалификациски турнир во Естонија.
 
Ѓуроски е единствениот од поширокиот список на селекторот Тодоров, кој доби позитивен резултат на задолжителното тестирање од Корона вирус. 
 
Во исчекување е враќањето на репрезентативците на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички кои се во Златибор на првиот турнир од регионалната АБА2 лига
 
Инаку денеска и утре ќе се играат два натпревари од 5.коло
 
Вечерва ќе играат ТФТ и Кожув, а за утре закажан е мечот меѓу Гостивар и Црн Дрим.