Балкан
31. January 2019 - 11:02

Ѓуриќ во Северна Митровица: Поддршката на српската Влада за косовските Срби ќе расте

Директорот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ, кој допатува утрово во Северна Митровица, изјави дека во Косово доаѓа со јасна порака од српската Влада дека поддршката за косовските Срби нема да престане во ниту еден момент, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за локалната телевизија Мост, Ѓуриќ порача дека „заложбите на Владата на Србија во Косово не само што нема да престанат, туку ќе бидат и се посилни“.

Ѓуриќ во северниот дел на косовскиот поделен град ќе го пушти во употреба објектот на една предучилишна институција и ќе ги предаде клучевите на 24 станови за тамошни српски семејства, изградени со средства на Владата во Белград.