Балкан
6. јуни 2016 - 14:26

Ѓуриќ: КФОР се единствените легални вооружени сили на Косово

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека припадниците на КФОР се единствените легални вооружени сили на територијата на Косово.

Ѓуриќ за албанската телевизија „Топ ченел“ истакна дека формирањето на косовски вооружени сили би можело да претставува закана за мирниот соживот меѓу Србите и Албаниците.

Валстите во Приштина претходно накавија план за трансфомација на Косовските безбедносни сили во официјална армија на Косово под назив Косовски вооружени сили.