Ѓукановиќ:Демаркацијата е внатрешно прашање на Косово
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ смета дека демаркацијата на границата меѓу Црна Гора и Косово е„внатрено прашање на Косово“.
-Тоа е внатрешен проблем и се однесува на внатрешната политика на Косово,изјавил Ѓукановиќ.
Тој додал дека Црна Гора,што се однесува на Договорот за демаркација, ги направила сите потребни ативности и нема никакви несогласување со властите во Косово во врска со граничната линија.
Минатата недела Владата во Приштина го повлече Договорот од расправа на парламентот,против кого силно се противи косовската опозиција.
Косовскиот премиер, Иса Мустафа,пред два дена на својот профил на фејсбук напиша дека притисоците и ултиматумите, без разлика од кого се,нема да ја спречат демаркацијата на границата со Црна Гора.
Инаку, Парламентраната комисија за граѓански права,правда и внатрешни работи на Европскиот парламент(LIBE),завчера гласаше против либерализација на визниот режим за Косово,поради неизгласувањето на демаркацијата на границата на Косово со Црна Гора.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори