Ѓукановиќ прогласи победа на претседателските избори во Црна Гора
Поранешниот претседател и премиер на Црна Гора, лидер на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ прогласи победа на вчерашните претседателски избори.
Новоизбраниот претседател порача дека неговата победа на претседателските избори е доказ за непобедливоста на коалицијата која е на власт во Црна Гора. Тој оцени дека изборниот резултат е потврда за решеноста на Подгорица да продолжи по патот на европскиот квалитет на живот и членство во ЕУ.
- Како што веќе соопштивме, во првиот круг освоивме 54 проценти од гласовите и ги натфрливме резултатите на останатите шест кандидати. Тој резултат го сфаќам како цврста приврзаност на Црна Гора да се движи по европскиот пат, изјави Ѓукановиќ.
Тој им се заблагодари на коалициските партери и изјави дека очекува убедлива победа и на претстојните парламентарни избори.
- Нема да трошам време со обраќање кон противкандидатите, туку до лидерите на опозицијата - овој резултат е толку убедлив, толку надмоќен, што е вистинска можност да го преиспитаат она што го работат. Подаваме рака за да ги обединиме црногорските потенцијали и заедно да работиме на решавање на сите предизвици со кои Црна Гора се соочува и со кои ќе се соочува во својот иден развој, истакна Ѓукановиќ.
Државната изборна комисија на своите страници ги објави првичните и неофицијални податоци по преброени над 50 отсто од гласовите. Според нив, Ѓукановиќ добил 55,89 проценти од гласовите, Младен Бојачиќ, кандидат на Деморатскиот фронт, Демократите, Социјалитичката народна партија и Граѓанското движење УРА освои 31,74 отсто од довербата на гласачите, а Драгана Вуксановиќ од редовите на Социјал-демократската партија (СДП) има 7,93 проценти од гласовите.
Според прелиминарните податоци на Центарот за демократска транзиција (ЦДТ), по 100 отсто обработени податоци, Ѓукановиќ има 53,8 а Бојаниќ 33,5 отсто од гласовите.
Право на глас имаа 532.599 граѓани, а според податоците на ЦДТ гласале 64 отсто од државјаните со право на глас.
Ново на Сител
-
Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
-
СПМ: Пендаровски секогаш бара вина кај другите
-
Османи: Петмина косовски полицајци се држат во заложништво во Србија
-
Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за дејноста култура
-
Над 20 слаби земјотреси регистрирани во Турција
-
Герасимовски: Решен децениски проблем со безбедноста на сообраќајот на улицата ,,Наум Наумовски Борче"
-
Четврти ден штрајк на приватни специјализанти
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток