Балкан
16. September 2016 - 10:56

Ѓукановиќ: Битката за Косово е одамна изгубена

Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека со признавањето на Косово никој во Црна Гора немал лоши намери кон Србија. 

Ѓукановиќ, зборувајќи за влошувањето на односите меѓу Србија и Црна Гора, истакна дека една од причините била желбата на Црна Гора да ја обнови независноста, додека признавањето на Косово дополнително ги стагнирало односите меѓу двете земји. 

- Го разбирам емотивниот однос на српската јавност за прашањето за Косово, но во Црна Гора никој немаше никаква лоша намера бидејќи не се нанесува штета некому кого го доживувате како многу близок до нас. Се работи за перцепција на она што е потребно да се направи за средувањето на состојбата во регионот, поголема стабилност и враќање на довербата. 

- Зборував и со претходната и со сегашната власт, и со Тадиќ и со Вучиќ, дека мојот впечаток, за она што Србија го доживува кога е во прашање Косово, не е учеството во решевањето на проблемите на Косово, истакна Ѓукановиќ во интервјуто за „Б92“. 

- Немојте поради некоја битка која е претходно загубена да ги соборувате реалните развојни шанси за сегашна и идна Србија, заклучи Ѓукановиќ .

Тој нагласи дека не треба да се водат битки кои веќе се изгубени, туку треба од реална точка да се проектира најдобрата визија за иднината на својот народ и држава, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека времето ќе покаже оти ставот на Црна Гора бил исправен.