Ѓоша: Северна Македонија да не биде „казнета” поради Албанија
Додава дека државата направила неверојатна жртва, како што е промена на името, што е постигнато со договорот со Грција, во момент кога не се очекувало.
– Посакувам Северна Македонија да не губи време поради Албанија.Знам дека Северна Македонија направи една неворојатна жртва. Да го смениш името е навистина нешто големо не само за земјата туку и за нејзините граѓани.Тие постигнаа договор со Грција во момент кога не се очекуваше да се постигне таков договор.Заслужуваат да почнат преговори со ЕУ и заради многуте превземени реформи. Посакувам да не биде казнета од ситуацијата во која се наоѓа Албанија, изјави Ѓоша за тиранската телевизија Ора њуз.
Што се однесува до Албанија таа е песимист дека нејзината земја во октомври може да добие датум бидејќи, според неа, не исполнила ниту една од препораките. Дури, нагласува дека е можно да се додаде уште некоја.
– Не е само моја желба, како порнешна министерка за интеграции, туку верувам и на сите албански граѓани да се отворат преговори, бидејќи тоа е единствен начин да се стави албанската политика во законски рамки која е излезена надвор од законските и уставните шини. Но,желбата не е она што навистина го покажува неработењето на владата посебно во изминатата година и пол.Јас сум многу песимист за месецот што доѓа-изјави Ѓоша.
Ѓоша е една од клучните личности во опозициското Социјалистичко движење за интеграција, која е трета по големина партија во земјата.Таа беше дел од претходната влада на премиерот Еди Рама, кога ЛСИ беше коалициски партнер на социјалистите.
Ново на Сител
-
Светски берзи: Скок на цената на нафтата, пад на цената на златото и пченицата
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис