Македонија
2. November 2016 - 17:10

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, добитник на Трето – ноемврската награда за животно дело

Градот на простумот и непокорот, градот првоборец и херој, градот Прилеп, утре, со низа пригодни манифестации ќе го одбележи Трети ноември, Денот на ослободувањето од фашистичкиот окупатор.Традиционално, на Свечената седница на Советот на општината, ке биде доделено најпрестижното општинско признание, наградата Трети ноември, при што Наградата за животно дело оваа година, одлучено е да му се додели на американскиот бизнисмен со прилепско потекло, Ѓорѓија Џорџ Ататансоски. Освен оваа награда, која е единствена, надлежната Комисија ќе додели и 9 плакети, како и 10 дипломи, на правни и физички лица, меѓу кои и на двајца новинари.  
 
Исто така, по повод празникот на градот, делегации од ЛС, од ОО на СБ, како и претставници на политички партии, утре,  на спомениците од паднатите прилепски борци, ке положат венци и свежо цвеке.