Ѓорѓиевски: Вратите на Општина Кисела Вода секогаш ќе бидат отворени за лицата со посебни потреби
Објектот на Општина Кисела Вода стана достапен за лицата со посебни потреби. На денот на одбележувањето на нивниот Меѓународен ден, пред влезот беше поставена пристапна рампа. Први ја искористија дечињата со церебрална парализа кои денес беа на посета кај градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
-Сакам јасно да порачам дека Општина Кисела Вода ќе биде пример за инклузивна општина, а лицата со посебни потреби секогаш можат да сметаат на мене, и како човек и како градоначалник. Поставената рампа, освен што им овозможува физички пристап, претставува и симбол на отвореноста на општината и на мене како градоначалник кон овие лица и кон сето она што им треба-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Посетата, освен за дружење со дечињата, беше искористена и за евидентирање на бројните проблеми со кои се соочуваат овие лица. Од страна на градоначалникот добија ветување дека интензивно ќе се работи на нивно надминување.
-Денес поставивме пристапна рампа, договоривме бележење на паркинг места за лица со инавалидност во Драчево, а веќе се разработува идејата за реализирање на јавно-приватно партнерство за отворање на Дневен центар за лица со попреченост, но кој би ги опфатил сите категории. Вакви центри има во Шведска, Бугарија и уште во неколку други земји. И сакам да ви ветам дека од сега, сите при градењето на ситеинфраструктурни проекти во општина Кисела Вода, ќе се внимава тие да бидат достапни за лицата со посебни потреби-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Гости кај градоначалникот Ѓорѓиевски беа и дечињата од Здружението за инклузија на лица со посебни потреби, заштита на самохрани родители, “ЕЦЕ”, како и од Здружението за помош и поддршка на лицата до Даунов синдром, “Трисомија 21”. Паралелно, во присуство на претставници од Општина Кисела Вода, во ООУ Невена Георгиева Дуња, по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, заедно со учениците од ДУРМДОВ “Димитар Влахов”, се одвиваше работилница за “Да направиме еднаков свет за сите”.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање