Ѓорѓиевски: Полицијата и политичките хајки главен аргумент на СДСМ
Владата на СДС во отсуство на реални проекти и дебаклот кој го доживеа во своите први 100 дена сега се потпира на полициските структури со цел подобрување на резултатите кои ќе ги имаат на локалните избори на 15-ти октомври.
Главниот аргумент на СДС нема да бидат програмата и проектите туку полицијата и политичките хајки кои ќе се прават врз кандидатите за градоначалници.
Токму тоа го потврдуваат последните примери, каде СДС води нарачана, и пресметана хајка врз градоначалниците на ВМРО поднесувајќи нарачани, неиздржани кривични пријави кои имаат политичка цел.
Градоначалникот на Велес, Чадиев доби, пријава за тоа што ставил пред 5 години, точка на дневен ред, градоначалникот на Прилеп, Ристески пак доби пријава зошто не ја осигурал општината од нагрдување на шарените, додека на шарените платеници влакно не им фали што ја руинираа општинската зграда, градоначалникот на Кавадарци, Панов заработи кривична која нема никакви докази и се базира на изјава на сведок кој патем неколку пати ја менувал изјавата.
Најглавното централно место во стратегијата на СДС има употреба на МВР. Тоа се гледа и во свот анализата на СДС, Кисела Вода каде си нацртале дека полицијата ќе помогне на партијата во изборите и дека надежта е токму нејзината злоупотреба.
МВР не смее да биде продолжена рака на СДС. СДС се плаши дека ќе ги загуби изборите и затоа прибегнува кон злоупотреба на државниот апарат.
Ново на Сител
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија
-
Бујар Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата
-
Силјановска-Давкова: Дојде време, дојде час да си замине оваа власт
-
Пендаровски: Се надевам дека гласањето ќе биде со запазување на највисоките европски и меѓународни стандарди
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина