Македонија
13. September 2017 - 14:35

Ѓорѓиев: Нема ништо од проектот младинска гаранција

СДС ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување.

Поминаа повеќе од 100 дена, ништо од ова. Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција.

Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос.

Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија.

Не само што не го реализираа проектот младинска гаранција, туку со ребалансот на Буџетот скратија 1.5 милијарда денари наменети за образование.

Тоа значи дека се скратени средства за изградба и реконструкција на училишта, студентски домови, спортски сали, универзитети и факултети.

Ова е начинот на работа на СДС. Лажи да те гласаат – Криј се да заборават. Но, младите и студентите не забораваат кој ги излажал и кој ги извисил. Затоа, на 15-ти октомври, СДС ќе бидат казнети за сите лаги и предизборни ветувања.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ