-->
-->
Ѓорѓиев ја освои бронзата на Светското првенство во кик-бокс
-->
Македонскиот борец Димитар Ѓоргиев го освои бронзениот медал на Светското првенство во кик-бокс што се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Ѓоргиев во категоријата до 74 килограми во полуфиналето на дисциплината кик-лајт беше поразен од Словакот, Марек Карлик со 1-2 на поени, по што нашиот беше оневозможен по четврти пат да се бори за светската титула.
Претходно Ѓорѓиев кој беше актуелен бранител на шампионскиот трофеј од 2015 година, ги совлада Швајцарецот, Кристоф Каезер и Алекасндрос Вагијанос од Грција.
Македонија од ова Светско првенство се враќа само со еден медал, за разлика од шампионатот пред две години одржан во Белград, кога покрај Ѓоргиев и Ненад Манојловски се закити со злато, а Стефани Тодорова го освои бронзениот медал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење