Ѓорѓевиќ: Работниците од Република Северна Македонија и Албанија нема да го намалат вработувањето на српското население
Српскиот министер за труд и социјални прашања Зоран Ѓoрѓевиќ денеска изјави дека либералниот пристап кон мигрантската криза, како и отворањето на граници со Република Северна Македонија и Албанија за слободен проток на луѓе, стоки и капитал, не значи дека во Србија ќе „се населат мигранти и дека тогаш ќе нема каде да живееме“.
Тој исто така кажа дека работната сила од овие две земји нема да ги намали можностите за вработување на домашното население.
Ѓорѓевиќ во утринската програма на Хепи телевизија рече дека „малиот Шенген“, како што се нарекува договорот постигнат во Тирана, е проект што ќе го олесни добивањето на работна дозвола за работниците од земјите кои се потписнички на овој договор.
Тој додаде дека следната година Србија ќе донесе „индустриска стратегија“, со која ќе се покаже каде сака економски да биде за 50 години, и соодветно на тоа каква работна сила и е потребна.
Тој оцени дека економските миграции секогаш постоеле и дека движењето на работна сила постои низ цела Европа, а не само на Балканот.
-Ние сакаме да ја развиеме нашата земја да биде економски силна. Идејата за „малиот Шенген“ е дека повеќе нема да ви треба работна дозвола, односно тоа е поедноставен начин да добиете дозвола за работа, да работите без да чекате, изјави Ѓoрѓевиќ, кој додаде дека пред да се постигне договорот за „малиот Шенген“, законот предвидувал да кога една компанија сака да донесе работник кој не е од Србија, потребни биле три месеци додека тоа лице не добие прво дозвола за престој, а потоа и дозвола за работа.
Тој кажа дека од 1 јануари граѓаните на Србија, Република Северна Македонија и Албанија ќе можат да ги преминат границите само со лична карта и веќе на граница ќе можат да се пријават за дозвола за работа.
За работа во Србија граѓаните од странство, ќе можат да аплицираат исто така кога аплицираат за виза.
-Додека во амбасадата се обработува апликацијата за виза, некој од странство ќе може паралелно да се пријави и во Националната служба за вработување. Ние секогаш прво гледаме дали постои таков кадар во евиденцијата на Националната служба за вработување и приоритет ќе им биде даден на домашната работна сила, рече Ѓорѓевиќ.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово