Македонија
13. November 2018 - 18:55

Ѓоргиев: Како најмлада нација на Балканот Македонците мора да попуштат за доброто на сите

Македонија како најмлада нација во регионот треба да направи поголеми отстапки за да се решат спорните историски моменти со Бугарија, смета професорот Драган Ѓорѓиев. Предводникот на македонскиот тим историчари кои работата на промена на учебниците во изјава за бугарската национална телевизија вели дека нивната цел не е промена на историјата, туку усогласување околу поважните историски настани и личности. По две одржани средби, Македонија и Бугарија вчера си ги разменија забелешките за учебниците по историја во петто, шесто и седмо одделение.  

- Не сѐ што го знаеме за себеси е вистина дека било така. Ако ние се затвориме повторно во национализам и во некоја етноцентрична и националистичка идеологија за нас дека сме потомци на Александар Македонски, тогаш иднината нема да биде светла. Потребно е време за тоа, подвлекува професор Драги Ѓоргиев.

Забелешкиот и од македонска и од бугарска страна главно се однесуваат на средниот век, вели Ѓорѓиев. Преговорите до овој момент се конструктивни, но за вистински резултати е потребно време и волја од двете страни.

Започнувајќи од средниот век до Втората светска војна се тврди дека тие територии треба да се ослободат и дека се бугарски територии. Тука во учебниците се вклучуваат и Тракија и Добруџа. И настојувањето дека тоа е бугарска неослободена територија создава непријатност кај македонските граѓани – коментира професорот Ѓоргиев.

До крајот на месецот во Софија, Комисија за историски и образовни прашања формирана по Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија ќе ја одржи третата средба. Дали ќе бидат прифатени предлозите на македонски и бугарските експерти, на крајот ќе зависи од владите во двете земји.

Во меѓувреме пред 10 тина дена во Солун се одржа и првата средба на македонско-грчкиот комитет за ревизија на историјата според договорот од Преспа. Предводникот на македонскиот тим амбасадорот Виктор Габер во телефонски разговор за Сител вели дека конкретни забелешки се уште немаат добиено. Амбасадорот Габер посочува дека и покрај тоа што овој комитет ќе ги користи искуствата од македонско-бугарската комисија, сепак се работи за различни процеси и засега не може да се посочи какви отстапки би моле да бараат двете страни.