Македонија
17. December 2016 - 22:02

Ѓорчев: Волјата на народот ќе победи, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада

Волјата на народот ќе победи, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, вели носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во шестата ИЕ, Влатко Ѓорчев.

-ВМРО-ДПМНЕ секогаш било со народот, кој е нашата најголема сила. ВМРО-ДПМНЕ и овој пат се става на вистинската страна, тоа е страната на народот, на вистината и на правдата. Граѓаните може да бидат спокојни, народот ќе победи и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, чиј легитимитет ја сочинува мнозинската волја на граѓаните на Република Македонија, изјави Ѓорчев за КУРИР.