Македонија
31. October 2016 - 22:10

Ѓорчев во Дебар: Ќе се сконцентрираме на подобрување на патната инфраструктура

Ѓорчев истакна дека во овој дел од Македонија во наредниот период посебно внимание ќе биде посветено на подобрување на патната инфраструктура.

-Имаме во тој дел напредок, но имаме уште патишта кои треба да се реконструираат. Оној дел кој што е од Бошков Мост во делот на Косоврасти, дел од асфалтот е веќе изгребан, а за одредено време исто така ќе треба и да се асфалтира. По формирањето на Владата кога ќе имаме полна сконцентрирана сила на институциите, можеме да направиме и многу повеќе од Мелнички мост до влезот на Дебар во делот на Рајчица, истакна Ѓорчев.

Тој најави повеќе проекти, повеќе инфраструктура и подобра патна поврзаност.

-Значи исто онака како што го обновивме поврзувањето на Дебар и Струга или како што имаме доста асфалт и доста проекти и напредок во поврзувањето на Центар Жупа со главниот пат. Така треба да се продолжи и со средување на други делници. Ние сме сконцентрирани на решавање на проблеми, конкретни проекти и политичко дејствување кое што подразбира акција, конкретни проекти, ефект за добробит на граѓаните. Ќе имаме цела низа на проекти, посочи Ѓорчев.