Ѓорчев се обрати во Сенатот на Шпанија, на конференцијата настапи под уставното име Република Македонија
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и шеф на делегацијата во парламентарното Собрание на ОБСЕ, Влатко Ѓорчев се обрати на конференцијата за борба против тероризмот и жртвите на тероризмот која што се одржува во Сенатот на Шпанија.
Пратеникот Ѓорчев во своето обраќање истакна дека тероризмот претставува закана за слободните општества и за демократиите, како и за целиот свет.
Ѓорчев истакна дека Македонија се придружи во меѓународната коалиција за борба против тероризмот и дека припадниците на АРМ активно учествуваат во меѓународните безбедносни мисии.
Ѓорчев нагласи дека треба да продолжи меѓународната соработка за борба против тероризмот, особено во делот на размена на информации помеѓу земјите кои заеднички се борат против тероризмот.
Истовремено, треба да се засили соработката со локалните заедници во насока на спречување на радикализацијата на младите луѓе. Вложувањето во образованието, можноста за вработување на младите и демократскиот амбиент се силен инструмент на демократските општества во борбата против тероризмот.
Пратеникот Ѓорчев ги поздрави присутните семејства од Шпанија, САД, Франција и Белгија кои биле жртви на тероризмот, додавајќи дека и Македонија има свои жртви и сеќавања.
На крајот, пратеникот Ѓорчев учествуваше во церемонијата на положување на цвеќе и одавање на почит на жртвите на тероризмот.
На конференцијата пратеникот Ѓорчев учествуваше и настапи под Уставното име Република Македонија, кое што го користеше во сите свои обраќања и за време на сите билатерални средби.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела