Македонија
11. July 2019 - 13:14

Ѓорчев: Македонија демографски умира

Македонија на Светскиот ден на населението тоне во демографска катастрофа, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев.

- Според податоци кои излегоа од Државниот завод за статистика. Во април 2019 година има пад од 14,4 отсто новородени деца во однос на април 2018 година. Дополнително, има 3 отсто повеќе умрени од минатиот април. Тоа е резулатот на премиерот Заев и неговите 28 министри, ќе имаат историска одговорност за оваа катастрофа. Македонија умира, Македонија исчезнува - рече Ѓорчев.

Катерина Нешкова