Македонија
24. October 2018 - 11:54

Ѓорчев: Ќе победиме, тагата од црниот петок премина во отпор и пркос

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по синоќешната прослава на ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот театар, на својот Твитер налог порача дека неговата партија ќе победи, и тагата од црниот петок ќе биде заборавена, алудирајќи на 80-те пратеници кои гласаа „за“ почеток на уставните измени.

„Вечерва тагата од црниот петок премина во отпор и пркос. Ќе победиме“, напиша Ѓорчев.