Тенис
26. October 2018 - 17:50

Ѓорческа загуби во полуфиналето во Истанбул

 

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа повторно не успеа да се пласира во финалето на ИТФ турнирот во Истанбул откако во маратонски меч загуби со 2-1 од Романката Ралука Шербан.

            Ѓорческа играше солидно против силната Романка особено во првиот сет кој успеа да го добие со 7-5. Во вториот  ја испушти шансата за конечен триумф во тај-брејкот кој Шербан го доби со 7-4 па се одлучуваше во третиот сет во кој играта на Ѓорческа значително падна па Романката успеа да го добие со 6-3.

            Ова беше пораз на нашата најдобра тенисерка по три победи и особено елиминацијата на првата носителка на стартот од турнирот.

            Ѓорческа и пред две години  стигна до полуфиналето но овојпат одигра многу подобро и потврди дека е во добра форма.

            Шербан во финалето ќе игра со Србинката Стојановиќ која во два сета ја елиминира Русе од Романија.