Тенис
24. November 2016 - 20:01

Ѓорческа во полуфиналето во двојки на фјучрсот во Валенсија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска имаше пораз и победа на фјучрсот во Валенсија. Таа најпрвин во поединечна конкуренција во три сета загуби со 2-1 од Јасмине Паолини (Италија). Ѓорческа го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а ги загуби следните два со 6:3 и 6:1. За пласманот во второто коло нашата тенисерка ќе добие 6 поени.
Во конкуренција на двојки заедно со Галина Воскобоева, како први носителки ги победија шпанските тенисерки Кристина Букса и Клаудија Хасе Ферер со 2-0 во сетови (6:2 и 6:1 во гемови). Утре во полуфиналето противнички ќе им бидат Аманда Карерас (Велика Британија) и Андреа Гамиз (Венецуела).