Тенис
15. September 2016 - 18:28

Ѓорческа во 1/4 финалето на фјучрсот во Добрич

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Добрич што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Таа во мечот од 2.коло ја победи Французинката Лу Бруло со 2-0 во сетови (6:3 и 6:3). Ѓорчска на турнирот настапува како трета носителка.
Нејзина ривалка во следната фаза ќе биде победничката од мечот Диа Евтимова од Бугарија и седмата носителка Јулија Шредер од Германија. Ѓорческа попладнево требаше да го игра и мечот од полуфиналето во игра на двојки, но поради лошото време овој меч е закажан за утре кога и нашата тенисерка ќе ја добие противничката во 1/4 финалето.
Во игра на двојки Ѓорческа настапува со Изабела Шиникова од Бугарија (први носителки), а противнички во полуфиналето ќе им бидат Катерина Крамперова (Чешка) и Паула Ормаечеа (Аргентина).