Тенис
9. April 2017 - 19:06

Ѓорческа со уште една квалификациска победа на ВТА турнирот во Швајцарија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа постигна нова победа на квалификациите на ВТА турнирот во Биел Биене, Швајцарија што се игра за награден фонд од 250.000 долари. Таа попладнево во 2.коло од квалификациите ја победи Диана Марцинкевича од Летонија со 2-1 во сетови.

Првиот сет го доби Ѓорческа со 6:4 во гемови. Во вториот сет беше 6:4 за противничката, која водеше и со 2:0 во решавачкиот сет. Нашата тенисерка брзо се врати во игра и сетот го доби со 6:4 во гемови.
Во последниот меч од квалификациите што значи дека со победа ќе влезе на главниот турнир Ѓорческа ќе игра против првата носителка од квалификациите Александра Саснович од Белорусија (111.место на ВТА листа), која денеска со 2-1 во сетови ја победи Амра Садиковиќ од Швајцарија.