Тенис
7. August 2017 - 9:50

Ѓорческа со скок од три места на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг листата и се наоѓа на 213 место со 254 поени. Таа има скок од три позиции иако немаше настапи изминативе недели. 
Нашата тенисерка и на следното рангирање нема потреба да брани поени, па може да се очекува да го задржи истиот ранг.
Во конкуренција на двојки се наоѓа на 152.место со 480 поени и нема промена на позицијата.