Тенис
25. February 2016 - 18:36

Ѓорческа со пласман во финале во двојки

Лина Ѓорческа во Беинаско, Италија на турнирот со награден фонд од 25.000 долари загуби во четвртфиналето од Вивиен Јухазова (22.години) со 7:5 и 7:5 во сетови. Во двата сета нашата тенисерка не успеа да го искористи водството од 5:1 во гемови. За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои 9 поени.

Во полуфиналето во игра на двојки таа и Деа Херџелас (БиХ) ги победија Гарсија Перез (Шпанија) и Исабела Шинкова (Бугарија) со 4:6; 7:6 (7:3) и 12:10 на поени во решавачкиот сет.