Тенис
25. September 2017 - 18:13

Ѓорческа со пад од 16 места, Јотовски напредуваше три позиции

 
 
Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа забележа пад од дури 16 места на најновата ВТА ранг-листа објавена денеска. 
 
Ѓорческа која во изминатиот период немаше настапи на турнирите, а последен и беше во квалификациите на УС Опен, сега е рангирана на 228-место. 
 
Што се однесува на „топ 10“, на ВТА листата, таму нема промени. И натаму Габрине Мугуруза од Шпанија е водечка, пред Романката, Симона Халеп и Елина Свитолина од Украина. 
 
 
На машката АТП листа. Томислав Јотовски иако минатата седмица немаше настап сепак направи прогрес за три позиции, па сега Јотовски е на 583-тото место. 
 
Единствена промена меѓу десетте најдобри е на осмата позиција на која сега е Георги Димитров од Бугарија, пред Швајцарецот, Станислас Вавринка кој падна на 9-то место. Лидер и натаму е Рафаел Надал, пред Роџер Федерер