Тенис
2. May 2017 - 0:28

Ѓорческа со најдобар ранкинг на ВТА листата

 
 
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа од денеска го има најдобриот ранкинг во кариерата. 
 
На најновата ВТА ранг листа Ѓорческа сега е рангирана на 182-то место. 
 
Добрите настапи и пласманот во финалето на фјучрс турнирот во Тунис, на кој играше во финалето на Ѓорческа и донесе напредок од 20 позиции. Инаку, досега најдобар пласман на Ѓорческа и беше 187-то место на ВТА листата. 
 
И во игра во двојки Ѓорческа го бележи најдобриот ранкинг, а сега е на 134.место. 
 
 
Инаку, и натаму лидер на ВТА листата е Американката, Серена Вилијамс, а зад неа во „ТОП 5’’се: Анџелика Кербер,Каролина Плишкова, Симона Халеп и Доминика Цибулкова.