-->
-->
Ѓорческа со Најденова во 1/2-финалето во двојки на турнирот во Киасо
-->
Откако утринава се пласира во четвртфиналето во поединечна конкуренција најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа попладнево обезбеди и пласман во полуфиналето во двојки, на фјучерс турнирот во швајцарскиот град Киасо.
Ѓорческа заедно со својата партнерка Александрина Најденова од Бугарија, кои се први носителски на турнирот, во два сета ги совладаа домашните тенисерки Илена Ин-Албон и Карин Кенел,. Првиот го добија со 6-3, а во вториот беа и поубедливи добивајќи го со 6-2 во гемови.
Ѓорческа и Најденова за место во финалето ќе се борат со Георге од Франција и Сугно од Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер