Тенис
31. July 2017 - 11:33

Ѓорческа со мал пад на ВТА листата

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се наоѓа на 216.место на ВТА листата објавена денеска и тоа значи дека има пад од три места. Ѓорческа изминатиов период немаше настапи поради повреда и не беше во можност да ги брани поените освоени лани.
 
Таа има 254 поени и следната недела нема потреба да брани поени. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 152.место со 480 поени.
 
Од македонските тенсиерки ранг има и Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1197 место со 4 поени. Таа има скок од четир места.
 
На врвот на ВТА е Каролина Плишкова со 6751 поен, пред Симона Халеп со 5770, трета е Анжелик Кербер со 5626, четврта е Гарбине Мугуруза со 4991, додека на петтатат позиција е Елина Свитолина со 4935 поени.