Тенис
13. November 2016 - 10:13

Ѓорческа се бори за влез на ВТА турнирот во Лимож

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со настапите, но денеска е можеби пред најголемиот испит во нејзината кариера бидејќи игра во квалификациите и со победа ќе влезе на главниот турнир во Лимож што се игра на тврда подлога со награден фонд од 115.000 долари. 

Настапот на овој турнир е веќе ниво повисоко во однос на досегашните настапи на Ѓорческа на ИТФ турнирите.
Нашата тенисерка е рангирана како прва носителка во квалификациите и затоа вчера во 1.коло беше слободна и денеска (не пред 14:30 часот) ќе игра против Галина Восковоева од Казахстан. Нејзината ривалка вчера ја совлада Шена Бенамар од Франција со 6:2 и 6:3 во сетови. Восковоева има 21 година и се наоѓа на 371.место на ВТА листата.