Тенис
23. August 2016 - 8:27

Ѓорческа против Американката Белис во 1.коло од квалификациите на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа во 1.коло од квалификациите на УС Опен ќе игра против 17-годишната Американка Катерине Белис. Нејзината противничка се наоѓа на 158 место на ВТА листата и ова за неа ќе биде втор настап на УС Опен по 2014 година.

Белис има еден триумф на фјучрс турнир од 25.000 долари во 2016 година, а пред две недели настапи и на турнирот во Стенфорд каде во 1/4 финалето загуби од Венус Вилијамс.
Според програмата мечот ќе се игра утре во среда, а првите мечеви од квалификациите почнуваат попладнево од 17 часот по македонско време.