Тенис
16. јуни 2016 - 8:49

Ѓорческа продолжува во двојки на фјучрсот во Сегед

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во второто коло на фјучрсот во Сегед што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа загуби од четвртата носителка Исалине Бонавентуре од Белгија со 2-1 во сетови (6:1; 2:6 и 7:5). Ова за Ѓорческа е втор пораз од истата ривалка на два последнователни турнири.
Нашата тенисерка за пласманот во второто коло ќе освои осум поени.
Ѓорческа ќе го продолжи настапот на овој турнир бидејќи заедно со Кристина Дину од Романија во рамките на четвртфиналето ќе играат против унгарските тенисерки Далма Галфи и Река-Лука Јани.