Тенис
21. April 2017 - 13:08

Ѓорческа поразена во четвртфиналето во Киасо

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа и во третиот меѓусебен дуел со Катинка вон Дајхман од Лихтенштајн не успеа да постигне победа. Таа денеска во четвртфиналето на фјучрсот во Киасо, Швајцарија (награден фонд 25.000 долари) загуби со 2-1 во сетови (3:6; 6:0 и 2:6 во гемови) за 95 минути игра.

За палсманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе освои 9 поени.
Нашата тенисерка попладнево ќе игра и меч во полуфиналето во конкуренција на двојки. Таа и Александрина Најденова од Бугарија како први носителки ќе играат против Миртил Жорж (Франција) и Тес Суњо (Швајцарија).