Тенис
8. September 2016 - 11:06

Ѓорческа победи во продолжението на прекинатиот меч

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Софија (награден фонд 25.000 долари). Таа претпладнево во продолжението на мечот од 1.коло ја победи Кимберли Цимерман од Белгија. 
Ѓорческа беше поуспешна со 2-1 во сетови (6:7; 6:1 и 6:2). Мечот вчера беше прекинат поради дожд во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 1:1 во гемови што значи дека денеска нашата тенисерка загубила само еден гем. Ѓорческа денеска ќе одигра уште најмалку еден меч во поединечна конкуренција,а  нејзина ривалка ќе и биде Катинка Вон Дајхман од Лихтенштајн.
Доколку дозволат временските услови нашата тенисерка ќе треба да игра и меч во игра на двојки.